Вила Наџински-Берово се наоѓа на 2 километри од центарот на Берово во мирна средина. Вилата располага со 5 двокреветни соби , дневен престој и кујна за цела вила. Секоја од собите има сопствено купатило, телевизор, интернет, мини фрижидерче. Капацитет на вилата е за 10 луѓе. Вилата поседува сопствен паркинг и огромен двор со летниковци , скара за печење месо и многу зеленило. Во зимен период вилата се изнајмува целосно заради греењето кое е парно на дрва. Околу ложењето на котелот сме одговорни ние ,гостите немаат никаква обврска. Во летен период може да се издава и соба по соба. Во врска со цените , во зимен период изнајмување на цела вила е 7000 денари, во летен период е 6000 денари за цела вила или 1200 денари по соба. Вилата се издава за минимум 2 ноќевања.